fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиЛов и риболовМакедонијаТоп вести

Врачени 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата

Трипуновски денеска на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачи 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата и со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачи 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата и со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.
Во јули месец, на овие 28 корисници на дивечот во ловиштата востановени на територијата на Република Македонија, а кои со договор за користење/концесија стопанисуваа со 67 ловишта им беа истечени договорите за користење/концесија на дивечот во ловиштата.

„Започнавме со решавање на сите оние отворени прашања и проблеми во ловството во Македонија, воспоставуваме ред и контрола над дивечот во ловиштата, го подигнуваме ловството како стопанска гранка на повисоко ниво. Jа подобруваме општата ситуација во ловиштата во Република Македонија, конечно ќе имаме нормално и функционално користење на дивечот во ловиштата“, истакна Трипуновски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период ќе распише јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата за 72 ловишта востановени на територијата на Република Македонија.
Средени и одржувани ловишта тоа барање од страна на ловечките друштва ќе биде исполнето.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close