fbpx
Вести

Се очекуваат само 19.000 тони тутун, монополите пројавиле интерес за 26.000 тони

 

se ochekuvaat samo 19 000 toni tutun monopolite projavile interes za 26 000 toni

Годинашната реколта тутун е со исклучително добар квалитет, но родот нема да ги задоволи потребите на откупувачите. Се очекува берба на речиси 18.000 до 19.000 тони што е приближно исто ниво како лани. Во Министерството за земјоделство велат дека десетте монополи склучиле 30.000 договори со тутунари и пројавиле интерес за откуп на 26.000 тони. Според министерот Михаил Цветков, мострите се веќе изготвени и од вчера се доставени до сите откупувачи, по што тие што ги исполнуваат условите од Законот за тутунот, ќе може да почнат со откупот.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трифуновски вели дека Инспекторатот како и во претходните години ќе биде присутен на откупните пунктови за да врши надзор врз примената на Законот.

– Во поканите за предавање на тутунот треба да биде наведено целокупното договорено количество, како и терминот на предавање ако се врши во повеќе наврати. Откупните организации треба да ги известат тутунските здруженија за плановите и динамиката на откуп со цел навремено информирање на поверениците од здруженијата. Исто така откупните организации според Законот за тутунот на секој откупен пункт на видно место треба да ги истакнат верифицираните мостри од сите типови тутун кои ги откупуваат, а доколку се враќа тутунот од откупниот пункт поради влажност или други причини, тутунопроизводителот да биде известен за терминот на следното преземање на тутунот – се вели во заклучоците за поуспешен откуп.

Договорено е и откупувачите ако доцнат со динамиката, да го организираат откупот со дополнителни термини (во саботи) или во секојдневната линија да бидат вметнувани тутунопроизводителите на кои навреме не им е преземен тутунот.

Ако ваквата постапка не се запази, ќе се преземат казнени мерки во согласност со Законот.

– Според член 23 од Законот за тутунот, производителот е должен да го предаде тутунот во ден и време во согласност со известувањето доставено од откупувачот, доколку не е во можност навреме да го извести откупувачот. Секој откупувач, пак, во согласност со постојната законска регулатива е должен на дневна основа да ги внесува податоците за откупот во електронскиот систем за евиденција на тутун на МЗШВ – стои во заклучоците за динамика на откуп на тутунот кои ќе бидат написмено доставени до сите откупувачи и здруженија на земјоделци.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close