fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Време е за народна буна, велат Активистите против рудници во струмичко

Владата донела одлука за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден, кои се наоѓаат на териториите на Општините Босилово и Ново Село

Активистите од „Здрава котлина“ со неверување ја дочекаа информацијата дека Владата донела одлука за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден, кои се наоѓаат на териториите на Општините Босилово и Ново Село. Според нив, ова значи дека се отвораат вратите за можнa изградба на рудникот Иловица-Штука, посебно откако Управниот суд ја уважи жалбата на канадската компанија „Еуромакс“ на владината одлука за раскинување на договорот за една од концесиите за екплоатација на руда.

Стравувањата за вакво сценарио го загрева и фактот дека основачот на компанијата „Еколог“ од Тетово, Назиф Дестани, преку неговата холандска компанија „НД Груп“ инвеситраше три милиони евра во „Еуромакс“, по што и Вишиот управен суд и Управниот суд ги прафатија жалбите на потенцијалниот концесионер.

„’Еколог’ е помоќен од нашето државно судство, а ова спојување го докажа тоа. Тоа што го бараше ‘Еуромакс ресурси’ со години наназад, исто како и што 12-те пресуди на Управен суд и Виш управен суд го бараа, што досега никој не се дрзна да им даде, сега премиерот им дозволи да ги спојат концесиите, но секако со посредство на ДУИ, откако Назиф Дестани вложи милиони евра за 25% од акциите во ‘Еуромакс ресурси’. Најавуваме дека народот активно ќе се мобилизира и ќе се самоорганизираме да делуваме на секаков можен начин. И ние имаме ‘чизми’ кои многу време не се извадени. Време е за народна буна“, објавија од „Здрава котлина“.

Според еко-активистот  Костадин Ристоманов, сето тоа е политичка игра иницирана од ДУИ во која се вмешани сите политички партии, судии, адвокати. Спроед него, несфатливо е како истиот Управен суд кој цело време ја бранеше одлуката на Владата сега ја уважува жалбата на „Еуромакс“.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close