fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Временските услови оптимални за земјоделските активности

Во моментов влага во почвата има доволно, па временските и почвените услови се оптимални за интензивно изведување на есенската сеидба, а едновремено и температурните услови се на ниво кое ќе овозможи брзо поникнување и почетен развој, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Сувото време по обилните врнежи е повеќе од добредојдено во овој период од годината за земјоделските култури, кога есенската сеидба е на почеток, но поволно се одразува и врз прибирањето на родот што остана на нивите пред врнежите, посебно на жетвата на оризот.

Како што велат агрометеоролозите, промената на времето што се случи викендов беше од локален карактер и краткотрајна, поради што не треба да ги вознемирува земјоделците.

-И во овој период земјоделските производители ќе имаат оптимални услови за дособирање на родот. Во моментов влага во почвата има доволно, па временските и почвените услови се оптимални за интензивно изведување на есенската сеидба, а едновремено и температурните услови се на ниво кое ќе овозможи брзо поникнување и почетен развој, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, следува повторно период без врнежи, но со пад на дневните температури кои најчесто ќе се движат меѓу 13 и 17 степени.

-Повремената облачност ќе се одржува скоро цела седмица, особено во утринските часови, па така утринските температури очекуваме да бидат во границите од 1 – 6 степени, а утрински мразеви не се очекуваат, велат од УХМР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close