fbpx
Вести

Временските услови поволни за житата и за овошките

Релативно сончевото време и повисоките дневни температури минатата недела влијаеа поволно на есенските посеви.

Според агрометеорологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи, земјоделските култури се во период на постепено повлекување за презимување. Моменталните временски услови со дневни до 10 степени и умерените утрински темпетарури со доволно влага во почвата се добри агроеколошки услови за вегетацијата.

Поволниот период се искористи и за побрз развој кај некои култури, кои оваа есен беа подоцна насеани.

Прогнозите за промената на времето во текот на оваа недела со пад на дневните температури до пет степени како резултат на најавените снежни врнежи, особено на повисоките места и промената на струењето на воздухот нема да предизвикаат проблеми поради тоа што издржливоста на посевите во овој период од годината е многу поголема.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close