fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Времето денеска: Сончево и посвежо со умерен северен ветер

Температурата во утринските часови ќе се движи од -3 до 5 степени, а во текот на денот од 5 до 11 степени Целзиусови. Во Скопје дневната температура ќе се искачи до 7 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и посвежо, а на југоистокот од земјата ќе биде пооблачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи од -3 до 5 степени, а во текот на денот од 5 до 11 степени Целзиусови. Во Скопје дневната температура ќе се искачи до 7 степени.

Утре, информираат од УХМР, утрото ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во Скопје и утре утрото ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Температурата утре ќе биде од -3 до 3 степени, а во текот на денот максималната температура ќе биде 11 степени Целзиусови.ухмр

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close