Времето денеска: Сончево и топло
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег. Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури.