вести

Времето утре – променливо облачно со повремени врнежи од дожд

(Oвој напис е објавен на: февруари 24, 2017)

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог, а ветерот да достигнува брзина од околу 80 км/ч. Ќе има и услови за изолирана појава на град.

vremeto utre promenlivo oblachno so povremeni vrnezhi od dozhd

 

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Врнежи од дожд ќе има и во четврток, особено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close