вестиМакедонијаТоп вести

Дождот  позитивно ќе се одрази на развојот на есенските посеви

До 15 март да се заврши со прихраната на есенските култури, советуваат агрономите

Последните дождови што наврнаа последното  деноноќие  во Пелагонискиот регион позитивно ќе се одразат врз развојот на есенските култури.Сушата која што подолг период е присутна скоро во сите региони одамна ги мачи земјоделците.

-Повеќе од добредојдени се овие врнежи од дожд. Пченицата е во фаза на братење и дождот позитивно ќе се одрази врз нејзиниот  натамошен развој. Земјоделците не смеат да ја пропуштат прихраната на пченицата. Во пелагонискиот регион веќе е завршена првата прихрана, а некои земјоделци почнаа и со втора прихрана.  Оваа фаза од развојот на пченицата е многу важен, затоа треба да се внимава и до 15 март да се заврши со прихраната. Во оваа фаза азотот е многу важен елемент за правилниот развој на културите. Потребни се околу  130-140 кг чист азот на еден хектар, вели за Зелена берза Владе Крстевски – агроном.

Последните врнежи поволно ќе се одразат на хидролошката состојба во земјава.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close