вести

Цената на лебот и печивата нема да се намалува, производителите бараат сувценции

Цената на лебот и пекарските производи останува иста и покрај падот на цената на нафтата на светските берзи. Мелничарите, велат дека нафтата има незначителен удел во нивното работење и дека мелниците работат на струја. Па од таму импутот на нафтата е минимален во формирањето на цените.

cenata na lebot i pechivata nema da se namaluva proivoditelite baraat subvencii

 

Мелничарите се жалат дека се наоѓаат во тешка финансиска ситуација поради увозот на ефтино српско брашно. Бараат државата да ги субвенционира со 2,5 денари за откупен килограм на пченица од последната жетва, за да не мораат да го затворат бизнисот. Субвенцијата ќе им помогне цената на брашното да ја спуштат на ниво на српското, за да се изборат против конкуренцијата.

Сега македонското брашно се продава по цена за три денари поскапа од српското.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close