fbpx
ВестиТоп вести

Ем природата ем несовесноста на човекот ја уништува медарската дејност во земјава

 

Нелојална конкуренција, неутврдени локации каде пчеларите ќе можат да ги носат пчелните семејства на паша и неконтролирани прскање на овошките со пертициди без притоа претходно да се известат пчеларите. Ова се најголемите проблеми со кои се соочуваат пчеларите од полошко поради кои како што наведуваат им се намалуваат приносите со мед. Велат дека против климатските промени не можат ништо да сторат но човечкиот фактор не треба да биде причина тие да останат без род односно мед.

Васо Антовски од тетовското село Жилче подолг период одгледува пчелни семејства. Вели дека квалитетот на неговиот мед неговите муштерии го препознаваат но сепак има голме број на купви кои се излажани дека купуваат мед а на крај на нивнтие трпези завршува неквалитетен мед или пак нешто што и воопшто не е меде. Но сепак како најголем пробем Анотвски го посочува прскањето на овошките кога се случува и голме помор на пчелните семејства.

-Проблемите со кои се соочуваме ги има многу. Еден од проблемите е некоординираноста со овоштарите и нивното несовесно прскање, тој е главен проблем кога дрвјата цветаат тие ги прскаат овошките и имаме помор на пчелите, ама со тоа прават проблем и на самите себе, затоа што со тоа им се намалува приносот на нивните производи, без пчели нема опрашување на овошките. Проблем имамо и со паша, еве на пример со селидбата на пчелите, затоа што немаме утврдени локации за селидба како што има во некои други држави За да ги однесеш на паша, еве јас ги носам на костен мора да најдеш соодветно место кое треба да биде изолирано од луѓе, да биде перифирно место. Треба да се одреди катастар на паша да се утврди кој каде може да носи пчелни семејства. Тоа треба министерствата да го утврдат. Да се знае бројот на пчелни семејства, кој каде треба да носи, да се вади некоја можеби посебна дозвола за паша. Јас лично со конкуренција сум немал проблем медот го продавам без проблем, но, реалноста кажува дека го има тој проблем со нелојална конкуренција каде се врши некоја селекција, и во маркетите се работи со мед со декларација, а таму инспекциите наоѓаат мед со лош квалитет и дури наоѓаат нешто во теглите што не е мед. Но купците сепак на крај препознаваат што е тоа квалитет, рече Владимир Антовски пчелар од тетовското село Жилче.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието бараат поголеми законски санкции за тие што ги уништуваат пчелните семејства со неконтролираното прскање на овожките но и да се работи на засадување на медоносни билки кои во земјава изумираат пред се поради климатските промени.

-Ме радува дека младите почнаа да го прифаќаат медарството како профитабилна дејност и нема да се разочараат , но морам да кажам дека природата не е многу дарежлива, не дава многу мед. И сами знаете дека имаме глобални пореметувања, и кога треба да меди багремот се соочуваме со врнежи од дожд и се се пореметува. Флората и фауната се на некој начин на работ на уништување. Некои билки кои сме ги имале пред 15 години, сега ги немаме. Еве јас сум пчелар. Сум вадел по три пати мед, но сега и некогаш и ниеднаш. Тука е и човечкиот фактор, но и природата е проблем, треба да има влажност билката и големи температури. Во однос на овоштарите на некој начин не се совесни треба да ни укажат да ни кажат да не излегуваат тој ден пчелите, барем тој ден кога прскаат. Бадијала да реагираше тоа е спор процес. Ако се донесат закони кои серизоно ќе ги натераат да ги почитуваат законите, тогаш ќе има успех. Дека пчелата е единствен инсект, кој го опрашува дрвото, и тие би немале род ако ја нема пчелата. Имавме ние една акција за пошумување на медоносни билки каде што пчеларите не беа свесни колку се корисни, зедоа некој примерок и увидоа дека овие култури цветаат кога во одреден период ништо не цвета,  значи треба да се работи на ова поле, рече Петре Атанасовски од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието.

Минатиот месец во Тетово се организираше саем  на медот,традиционална манифестација која се организира по втор пат каде пчеларите од тетовско го промовираа нивниот производ, а разговарааза проблемите и можните решенија во дејноста медарство.

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close