fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Врнежливото време ја запре жетвата во Пелагонија во самиот финиш

На самиот финиш дождот ги запре комбајните во жетвата на лебното жито. Остануваат уште 6,5% од засеаните површини кои ќе се ожнеат штом се подобрат временските услови.

На само неколку дена од крајот  на жетвата во Пелагонија врнежливото време ја сопре. Според податоците од ПЕ на МЗШВ во Битола останати се 600 ха жетвена површина со пченица.

До сега реализирани се 93,47% од планираната жетва. Од вкупно 9200 ха засеани со пченица  до сега се ожнеани 8600 ха од кои 4 400 се земјоделски претпријатија  а 4200 се на индивидуални земјоделци. На овие површини досега се ожнеани вкупно 39 180 тони пченица, 21 120 тони во земјоделските претпријатија и 18 060 кај индивидуалните земјоделци. Просечните приноси изнесуваат 4 550 кг/ха.

Жетвата на јачменот и ‘ржта одамна е завршена. Од вкупно 3 900 ха засеани со јачмен ожнеани се вкупно 14 070 тони јачмен со просечни приноси од 3650 т/ха. ‘Ржта од вкупно 10 ха ожнеани се 30 тони или во просек 3000кг/ха.

Со жетвата ќе се продолжи кога ќе дозволат временските услови.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close