fbpx
Вести

Околу 2.500 лозари добија субвенции

Почнувајќи од петокот во попладневните часови па се до денеска, субвенции за одржување на лозови насади добија околу 2.500 лозаропроизводители од општините Неготино и Демир Капија, информираше Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.

purple-grapes-553462_640

-Лозаропроизводителите добија по 4 илјади денари за декар лозов насад. Исто така се врши и исплата на субвенциите за житарици и крупен добиток за 2015 година, соопшти Ајтов.

Тој појасни дека останатите лозаропроизводители кои аплицирале за субвенции, финансиските средства ќе ги добијат во текот на овој месец, до крајот на годината.

proizvodstvo_1slide

-На име субвенции за 2015 година, финансии во висина од околу 5.000.000 евра ќе им бидат исплатени на близу 4.300 земјоделци од општините Неготино и Демир Капија, додаде Ајтов.

Истовремено, информираше тој, по 20 проценти плус, линеарно за сите мерки за субвенционирање, добиваат сите регистрирани земјоделци за 2014 година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close