fbpx
ВестиМакедонија

Облачно со температура од 7 до 13 степени

Од утре времето ќе биде стабилно и претежно сончево.

Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје и околината претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Од утре времето ќе биде стабилно и претежно сончево. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено утре. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе услови топење на снежната покривка на планините.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close