fbpx
ВестиМакедонија

За 1,5 година ќе има автопат Прилеп-Битола

Битиќи нагласува дека земјава почнува со нов тип автопатски решенија, според „Фидик-постапка“ за брза и евтина изградба, а се применуваат во ЕУ.

За една и пол година ќе се изгради автопат Прилеп-Битола по нови, европски стандарди, најави заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во прилепската локална самоуправа имаат средба со стопанствениците од регионалните комори на Прилеп и Битола кои бараат современа инфраструктура во Регионот, услов за економски развој. Битиќи и Бочварски нагласија дека на стопанствениците им ги претставуваат сите владини развојни и инвестициски планови за овој значаен економски регион во земјава.

Вицепремиерот Битиќи нагласува дека земјава почнува со нов тип автопатски решенија, според „Фидик-постапка“ за брза и евтина изградба, а се применуваат во ЕУ.

-За првпат воведуваме нов начин на градење автопатски решенија според „Фидик-правилата“ што се применуваат во ЕУ, што значи да имаме поевтино, побрзо автопатско решение. Ќе се заштеди барем 1,5 година во изградбата.Значи. за една и пол година Прилеп Битола ќе имаат автопат. Очекувам дека веќе наесен ќе имаме избрана компанија која ќе работи на автопатот Прилеп-Битола, изјави Битиќи.

Тој нагласи дека пред стопанствениците на еден од најзначајните региони во земјава, пелагонискиот, кој е блиску до границата со Грција и со солунското пристаниште ги претставувата владините планови за економски развој на регионот, а патната инфраструктура е една од најбитните. Наредните години во оваа сфера ќе се вложат околу 1 милијарда евра, годинава преку 200 милиона, а од сите средства во овој Регион ќе се инвестираат околу 300 милиони евра.

-За ивестирање во инфраструктурата ќе вложиме околу 1 милијарда евра во наредните години. Само годинава во инфраструктурата ќе се вложат над 200 милиона евра. Прилеп и Битола се општините кои добија најмногу средства од ТАФ-пропектите и тоа, вкупно 3 милиона евра, што е речиси 10 насто од вкупните средства за сите општини. Ова само укажува дека, ако еден регион придонесува со 13 насто од бруто домашниот производ, а доби толкав износ, укажува каков однос имаме спрема локалната самоуправа. Пелагонискиот регион е атрактивен за компаниите. Пред сѐ, поради близината на границата со Грција и блиското пристаниште во Солун и затоа имаме намера овде да има вистински „инфраструктурен бум“ со кој ќе направиме модерни и безбедни патишта. Вкупните инцвестиции во патната инфраструктура во овој регион наредните години ќе бидат околу 300 милиона евра, вели Битиќи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close