Откако беа донесени законските олеснувања, за околу четири месеци, во Кавадарци се регистрирани 16 семејни винарии, вели за МИА претседателот на Здружението „Тиквешки семејни винарии”, Горан Јаковлевски.
-Ние како мали семејни винарии произведуваме вино за домашен пазар. Нашето производство е од сопствено грозје, но откупуваме и од други лозаропроизводители. Тоа грозје што го откупивме, го плативме по многу повисока цена од онаа што ја плаќаа некои од големите винарии. По два до три, а понекогаш и пет денари за килограм повеќе од нив. Тоа е така зашто сакаме да произведеме квалитетно вино и да создадеме сопствен бренд, нагласи Јаковлевски.
Преку дегустации и други начини, тие го презентираат своето производство пред љубителите на вино и сопственици на угостителски објекти. Нивна цел е, како што додаде Велковски, пласман на вината од семејните винарии и развивање на винскиот туризам во Тиквешкиот регион, како најголем лозаровинарски крај во државата.