Вино

Кое сирење со какво вино се консумира?

 

 

 

 

 

 

Сирењето и виното се создадени еден за друг, но има специфики во комбинирањето на овие два производа. Кое сирење со какво вино се консумира?

koe sirenje so kakvo vino se konsumira

 

  1. Сино сирење (Fromage Bleu) се служи со каберне совињон, шира, зинфандел, порто.
  2. Чедар (Cheddar) оди со пардоне, совињон бланк, ризлинг, каберне совињон и пино ноар.
  3. Ементал (Emmental) се консумира со мерло, пино ноар, каберне совињон.
  4. Гауда (Gouda) се консумира со шардоне, мерло, шира, зинфандел.
  5. Бри (Brie) се комбинира со шампањ, шардоне, пино ноар.
  6. Едам (Edam) оди со ризлинг и со шардоне.
  7. Рокфор (Roquefort) се консумира со десертни бели вина или со густи црвени вина од сортата мускат.
  8. Горгонзола (Gorgonzola) идеално се комбинира со амароне, каберне совињон.
  9. Камамбер (Camembert) се консумира со шампањ и со црвени вина од сортата мерло.
  10. Минстер (Münster) најдобро се комбинира со шардоне.
  11. Проволоне (Provolone) се консумира со бордо, мерло и со сан џовезе.
  12. Фета (Feta) идеално си одговара со божоле и со сите млади вина, кои имаат овошен вкус и арома.

 

А еве и уште една фотографија која укажува на правилно комбинирање на виното и сирењето.

12510287_954828897943765_4688049838400716756_n

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close