fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За да се намали потрошувачката на месо, ЕК ќе ги зголеми даноците

ЕК подготвува нови правила за субвенционирање земјоделците во ЕУ

За да ја намали потрошувачката на месо во Европската унија, официјален Брисел планира да ги зголеми даноците. Според ЕК, сточарството ја загадува околината речиси колку и јагленот и затоа не се откажува од мерки и стимулации за намалување на потрошувачката на месо. Заедно со ова, ЕК подготвува нови правила за субвенционирање земјоделците во ЕУ како одговор на насилните протести претходно оваа година, пренесува „24Часа.бг“. ЕУ треба да ја ревитализира нејзината заедничка земјоделска политика вредна 387 милијарди евра, а главната промена за која се дискутира е земјоделците ќе бидат субвенционирани врз основа на нивните приходи, а не според големината на нивните стопанства, објави Слободен печат.

-Пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во средата беа претставени насоките за „поправка“ на Заедничката земјоделска политика комисија. Тие се подготвени по консултации меѓу земјоделците, невладини организации, потрошувачи и трговци на храна кои завршија три маратонски преговарачки сесии. Поттикнувањето на потрошувачите да ја намалат количината на месо што ја јадат е меѓу другите предлози во извештајот. Тоа ќе се случи преку даночни олеснувања и етикетирање.

Меѓу целите е што земјоделците да се откаже од сточарството, вклучително и преку контроверзниот предлог за воведување доброволни шеми купување на фарми во области со високо ниво на интензивно сточарство. Меѓу дискутираните шеми за намалување на потрошувачката на месо е идејата за оданочување на месните производи дополнителен данок заедно со ДДВ и соодветно да бидат поскапи за потрошувачите. Данска веќе воведе данок на јаглерод од 100 евра по крава.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close