fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За да земат субвенции земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство

Со новиот модел сите земјоделци би добивале основна субвенција која авасно би се исплаќања во висина од 30% од сумата, а ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба и 70% дополнителни субвенции кои се врзани со принос, но и предавање во регистрирани капацитети.

-Предлог новиот модел за субвенционирање дава решение за сите досегашни проблеми кои ги имаше досегашниот систем за субвенционирање. Новиот модел ќе биде побрз и поефикасен, а поддршката е насочена кон вистинскиот земјоделец, чија основна дејност е земјоделството. Не кратиме ништо од досегашната поддршка која ја добиваа земјоделсците, туку напротив неа ја зголемуваме и реорганизираме во повеќе програми кој ќе дадат поголема ефикасност. Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со нов decoupling систем каде земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство, објаснува  министерот Љупчо Николовски.

Новиот предлог модел ги става сите чинители во еден организиран систем и ја намалува можноста за плаќање во готово спречувајќи ја сивата економија. Систем кој има зголемен обем на контроли и систем кој гарантира поголемо производство на домашна храна.

-Сите земјоделци би добивале основна субвенција која авасно би се исплаќања во висина од 30% од сумата, а ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба и 70% дополнителни субвенции кои се врзани со принос, но и предавање во регистрирани капацитети. Тоа значи дека земјоделците кои произведуваат стратешки значајни култури и производи, користат сертифицирано семе и своето производство ќе го предадат во регистрирани домашни капацитети или производството ќе го искористат за сопствени потреби создавајќи финален производ, ќе имаат можност да ги добијат овие дополнителни субвецнии за остварен принос, рече Трајан Димковски државен советник во Министерството за земјоделие.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close