fbpx
Вести

За домашниот шарпланинец по 3000 денари по куче

kuce

Програмата за поддршка на земјоделството и оваа година дополнителни субвенции од 2.000 денари ќе се добиваат за говедата од домашната расата Буша. Плус 550 денари ќе се добиваат и за овците од расата Праменка и козите од расата Балканска.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози и кои имаат стадо од најмалку 50 грла.

И за домашниот Шарпланинец одгледувачите на овци и кози имаат право на 3.000 денари по куче.

Шарпланинците треба да имаат микрочип на денот на поднесувањето на барањето. Максимален број е седум пријавени кучиња по земјоделско стопанство.

Субвенционирањето на овие автохтони раси кои иако не се со голема продуктивност е да се намали ризикот од нивното исчезнување од македонските села и пасишта.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close