fbpx
Вести

Во Валандово се одржа традиционалната „Ракијада 2018“

Гроздоберот и официјално заврши, а валандовските лозари безмалку  две децении крајот  на сезоната го одбележуваат  на нивни начин, со манифестација посветена на домашната  ракија.

Традицијата ја продолжија и годинава со 19 – та ракијада на  која учествуваа 40 мајстори  со 20 казани од кои  добија околу 400 литри ракија.  Велат за добра ракија биле потребни  и вештина и знаење, но најважно од се било квалитетното грозје.

За градоначалникот на општина Валандово оваа манифестација е многу важна бидејќи преку неа се отсликува традицијата на валандовчани.

Валандовските лозари ги посетија и премиерот Зоран Заев и ресорниот министер Љупчо Николовски кој најави дека државната поддршка кон оваа гранка ќе продолжи и во иднина.

Во оваа реколта според податоците на државниот земјоделски инспекторат откупени се близу 100 милиони килограми грозје.Од нив 42 милиони се вранец, 31 милион смедеревка, додека останатиот дел се други квалитетни сорти грозје кои според министерството годинава достигнале повисоки откупни цени за 60%.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close