fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За недела дена почнува жетвата на јачменот во Градско-мелничарите подготвени за стартот на откупот

Потребно е да се забрани извозот на домашните житарици за да имаме доволна обезбеденост во време на криза

Во време на економска и прехранбена криза кога светот се погласно е загрижен за обезбеденоста со храна и пред се со основниот продукт лебното жито, од земјава е дозволен извоз на житарици. За мелничарите оваа одлука мора што поскоро да се промени за да се заштити обезбеденоста на домашниот пазар и да се обезбедат домашните мелнички компании со доволно пченица. Индија како еден од крупните светски производители веќе го забрани извозот на пченица, Русија и Украина како најголеми житници кои ја хранеа Европа заради војната стануваат проблематични и недостапни за пазарот, со што дополнително се врши притисок врз глобалната снабденост на пазарот со житарици. Нашиот традиционален партнер Србија од каде и најмногу увезувавме пченица за домашните потреби, извозот го ограничи со квоти што е дополнителна причина зошто треба да се кројат планови со време да се откупи целата домашна пченица од мелничарската индустрија. Годинава кога се очекуваат солидни приноси потпомогнати од владините мерки за субвенција на ѓубривата преку интервентниот фонд потребно е да се надополнат овие мерки и да се заокружат преку целосен откуп на се што ќе се роди по нивите, наместо за ситни профити на трговците да ни отиде житото за извоз.

-Ние и оваа година активно сме вклучени во откупот на пченицата. Нашиот капацитет на поранешните силоси на жито ориз од кочани од лани се целосно во функција со можност за складирање на 22 илјади тони на житарици. Лани откупувавме за прв пат и земјоделците знаат дека исплатата е во најкус можен рок бидејќи Винифарма е стабилна компанија на која главна дејност и производството и прометот со свежо свинско месо, рече Тоше Атанасовски сопственик на компанијата Атанасовски.

За недела дена почнува жетвата на јачменот во градско каде веќе на големо се подготвуваат комбајните и веќе се кројат плановите за откуп. Она што е новина и оваа година е што дел од големите и успешни сточарски капацитети најдоа сили и интерес да влезат во откупот на житарици како што се пченица, јачмен и пченка од домашните земјоделци и за потребите за правење на сточна храна наместо да увезуваат како општествено одговорни компании се вклучуваат во откупот годинава. Ова за земјоделците е можност да не се изложуваат на дополнителни трошоци за увреќување и складирање во импровизирани услови каде може за кратко време да дојде и до губење на квалитетот на пченицата а од друга страна без трошоци за аргати и пакување во вреќи по жетвата пченицата да има каде да ја носат или да ја продадат со можност за брза исплата.

-Капацитетот на силосите е околу 22 илјади тони од кои имаме дел од тоа каде што се чува за потребите на државата и за одредени компании кои имаат потреба од складирање на родот а другиот дел би го наполниле со откупот кој ќе го направиме оваа година. Ако мораме да увезуваме соја тогаш барем другите житарки како што се пченка, пченица и јачмен кои ни се потребни за сточната храна да ги набавиме од домашните земјоделци, рече Тоше Атанасовски од Компанија Атанасовски.

З.Б

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close