Агро бизнисВестиТоп вести
Земјотрес со јачина од 3,1 степени почувствуван во Скопје – епицентарот е во Косово
„Епицентарот на земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 километри северно од Скопје, со Рихнерова локална магнитуда од 3,3 степени“,
Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувстуван во Скопје, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според ЕМСЦ, земјотресот е на длабочина од 5 километри, а епицентарот е на 12 километри од градот Гнилане во Косово, во близина на границата меѓу Косово, Србија и С Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утрово во Скопје е почувствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
„Епицентарот на земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 километри северно од Скопје, со Рихнерова локална магнитуда од 3,3 степени“,
велат од Опсерваторијата.




