fbpx
Вести

За проблемот со брашното ќе разговараат македонскиот и српскиот министер за земјоделство

brasno

Во текот на денот се очекува македонскиот и српскиот министер за земјоделство да разговараат за проблемот со брашното откако Србија најави контрамерки по воведувањето на мерките од македонска страна за увозот на српско брашно.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

– Градиме пријателство и позитивен однос со сите соседи и верувам дека кога во минатото сме изнаоѓале решенија за многу потешки прашања, ќе најдеме решение и за ова прашање. Уште денеска веројатно ќе има разговори меѓу соодветните министри за да се изнајдат решенија, рече Заев.

Тој не очекува и зголемување на цената на лебот поради проблемите со кои се соочуваат мелничарите.

– Не очекуваме зголемување на цената затоа што продуктивноста ќе биде соодветна и ќе има доволно понуда. Државата мора да интервенира. Јас на решението гледам преку модерните мерки што ги употребуваат земјите како што се складишните белешки кои се како вредносни хартии. Се работи за можност кога преку давање на складишна белешка, производителите на жито ќе можат да ги претворат во пари заради сеидбена сезона, а продажбата на житото да се случи кога цената на житото е повисока. Таквите механизми се решенија за оваа проблематика за да може да имаме доволно задоволни и доволно мотивирани производители на жито, а тоа да нема влијание врз севкупната цена на лебот, појасни Заев.

 


 

а1он

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close