fbpx
Вести

Николовски: За три месеци исплатени 60 милиони евра за субвенции

Во изминатите три месеци презедовме низа мерки, понудивме решенија и измени на закони, секој наш чекор беше во интерес на земјоделците, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој го презентираше сработеното за 100-те дена.

„Ја одблокиравме исплатата на субвенциите и за помалку од два и пол месеци беа исплатени над 60 милиони евра за субвенции. Со измените на програмата за финансиска помош во земјоделството и руралниот развој обезбедивме дополнителни мерки и средства за финансиска поддршка во оваа 2017 година. Распишавме огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за површини до и над 3 хектари. Го продолживме рокот за аплицирање на субвенции за програмата за финансиска поддршка за 2017 година и го продолживме рокот за огласот по однос на Ипард 2 програмата“, рече Љупчо Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close