fbpx
Вести

За субвенции аплицирале 50 млекопроизводители од Дебар и Центар Жупа

Педесет млекопроиводители од општините Дебар и Центар Жупа аплицирале за субвениции.  Финасиската поддршка се однесува за произведено и предадено кравјо и овчо млеко во периодот мај-септември годинава.

 

– За финансиска подршка за предадено млеко во преработувачки капацитети аплицираа 50 млекопроизводители. За периодот за кој ќе бидат исплатени субвенцииите имаат предадено по околу 50 тони кравјо и овчо млеко месечно, од кое околу 70 отсто е кравјо. Субвеницирањето  е 3,5 денари за литар, изјави Арбен Муладаути овластен раководител на ПЕ на МЗШВ во Дебар, која со својата активност ја покрива и соседната општина,Центар Жупа.

 

Кооперантите млекото го продаваат во млекарницата „Кораб милк“ во Дебар, која освен кравјо преработува и овчо млеко.

 

Домаќинствата во општините Дебар и Центар Жупа располагаат со 1.300 грла молзни крави, но сите сопственици не се пријавуваат за субвенции. Повеќето од нив располагаат со помал број грла крави па млекото го продаваат индивидуално.

 

Сточарите располагаат и со над 35 илјади грла овци, но повеќето од нив произведуваат бело сирење на традиционален начин, кое е доста барано на пазарот. Дел од стадата овци или околу 15 илјади  грла зимскиот период го минуваат во пелагонискиот регион, додека остнатите во трлата кои сточарите ги имаат изградено во околијата на Дебар.


 

mtm.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close