fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За влез во Грција граѓаните ќе треба да плаќаат и нова такса од 7 евра за човек!?

Од туристичките агенции велат дека се информирани за најавите дека за влез во некоја од земјите членки на ЕУ, од 2023 година ќе треба да се издвојат 7 евра, но се уште немаат добиено официјални информации од кога, како и каде ќе треба да се плаќа оваа такса

Од туристичките агенции велат дека се информирани за најавите дека за влез во  некоја од земјите членки на ЕУ, од 2023 година ќе треба да се издвојат 7 евра, но се уште немаат добиено официјални информации од кога, како и каде ќе треба да се плаќа оваа такса. Доколку се воведе ваквата такса, како што велат, тоа ќе биде дополнителен трошок за сите оние што ќе патуваат.

Патниците од Македонија, Србија, Црна Гора и од БиХ во моментов можат да патуваат во земјите од Шенген зоната без виза и претходно одобрение, а од 2023 година веќе нема да можат да го прават тоа. Освен дозвола, ќе треба да плаќаат и такса од 7 евра. Дозволата ќе биде валидна за неограничен број влегувања во ЕУ во рок од три години.

Минатата година, околу половина милион македонски граѓани ја посетиле Грција, со што земјава е на 11. место меѓу топ-15 земји со најголем број посетители во Грција за 2021 година, покажуваат податоците на Здружението на грчки туристички бизниси.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close