Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Заев: Граѓаните да бидат спокојни, нема да има поскапувања и рестрикции на струјата
Ја гарантираме стабилноста на цената на струјата и правиме се што можеме да им излеземе во пресрет на граѓаните, вели Заев..
Јавниот долг се намалил од 64,4% на 60,6 отсто што претставува сериозно охрабрување за граѓаните и стопанството и ја покажува капациетноста на Владата предводена од СДСМ, во време на светска криза предизвикана од пандемијата, истакна вечерва во интервју претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју на Канал 5 телевизија.
Во однос на состојбата со енергетскиот сектор, тој порача дека граѓаните треба да бидат спокојни, да не стравуваат од поскапување на цената на струјата, ниту од можни рестрикции.
-Ја гарантираме стабилноста на цената на струјата и правиме се што можеме да им излеземе во пресрет на граѓаните. За енергетските компании обезбедивме пакет вреден над три и пол милијарди денари или скоро 60 милиони евра. Мораме во оваа ситуација да ги помогнеме и правните субјекти, дали државни или приватни, исто како и на домаќинствата. Во време на економска криза и во време на пандемија нам ни растат економските перформанси, ја намалуваме невработеноста, јавниот долг падна за скоро 4 процентни поени, тоа е знак дека имаме убава иднина на државата, рече Заев.
Премиерот порача дека во недела на локалните избори ќе победи прогресивноста, ќе победи најдоброто, демократијата и слободата, затоа што реверзибилните процеси не враќаат назад во мракот во молкот, назад во минатото, тоа никому не му е од корист
-Народот излегува и гласа за 12 и ќе заокружиме дека владејачката коалиција има повеќе гласови од опозицијата, има повеќе советници од опозицијата и на крајот дека владејачката коалиција има повеќе градоначалници во бројка плус градот Скопје. Тоа е проектираната иднина во предвечерието на изборите, граѓаните ќе гласаат за прогрес и дома и надвор, бидејќи тоа го носи подобриот економски стандард за сите, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за Канал 5.https://nezavisen.mk/zaev-gragjanite-da-bidat-spokojni-nema-da-ima-poskapuvanja-i-restrikcii-na-strujata/