fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Украина може да испорача 60 тони жито за 8-9 месеци

Киев би можел да заработи десет милијарди американски долари од продажбата на 20 милиони тони жито од претходната жетва и 40 милиони тони од новата жетва.

Украина би можела да извезе 60 милиони тони жито во период од осум до девет месеци, под услов нејзините пристаништа да не се блокирани, изјави  советникот за економски прашања на украинскиот претседател Олег Устенко.
„Ако нашите пристаништа беа веднаш деблокирани и од нас се бара да испорачаме 60 милиони тони жито, би можеле да ја испорачаме таа количина за осум до девет месеци“, изјави Устенко за украинскиот ТВ канал 24, пренесе ТАС С.
Според него, Киев би можел да заработи десет милијарди американски долари од продажбата на 20 милиони тони жито од претходната жетва и 40 милиони тони од новата жетва.
Устенко објасни дека од жетвата се собрани 60 милиони тони жито, од кои 20 милиони тони се наменети за домашна потрошувачка и потврди дека на Украина ќе и требаат 20 до 24 месеци за извоз, под услов украинските пристаништа да функционираат непречено.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close