Заев најави исплата на субвенциите за оризопроизводителите
(видео)Оризопроизводителите во вторник на протест
Оризопроизводителите од кочанско на протести излегуваат во вторник. Со земјоделската механизација ќе го блокираат патот Штип-Кочани Бараат исплата на субвенциите пред стартот на сеидбата, но и повисоки откупни цени на оризовата арпа и белиот ориз, како и навремено чистење на каналите и пуштање на водата за наводнување. Премиерот, Зоран Заев од Пробиштип им порача дека знае за нивното незадоволство и им најави дека се работи на проблемот за исплатата на субвенциите.
Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството не го откажува протестот и покрај ветувањата на премиерот оти деновиве ќе се решат проблемите со субвенциите. Тие велат дека ова е само еден проблемите. Во моментов откупната цена е многу ниска и се движи од 17 до 20 денари за килограм.
Оризопроизводителите очекуваат на заедничка маса да седнат со министерот, а го канат и премиерот, во спротивно патот Штип-Кочани ќе го блокираат секој втор ден.