вестиМакедонијаТоп вести

Општина Могила заедно со државата помагаат кај земјоделците во овие тешки мигови

На сметките на земјоделци од Општина Могила кои во 2019 година претрпеа штети од невреме со град  во атарот на селото Дубрушево уште ќе им бидат исплатени средства како обештетување од државата, информира Општина Могила.

-Општина Могила заедно со државата помагаат кај земјоделците во овие тешки мигови. На седницата на Владата на Република Северна Македонија одржана на 10 февруари 2020 година беше донесена Одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. Со оваа Одлука на Општина Могила и се доделени финансиски средства во висина од 4.087.329 (четири милиони осумдесет и седум илјади и триста дваесет и девет) денари. Овие средства се наменети како парична помош на Општина Могила, согласно Информацијата на Комисијата за проценки и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди и Извадокот од Нацрт-записникот од Седмата седница на Владата на РСМ одржана на 10 февруари 2020 година. Општина Могила добиените средства денеска ги уплати на сметките на 3 правни и 121 физички лица. Средствата се за градобитната 2019 година во атарот на село Добрушево. Граѓаните може да ги очекуваат финансиските средства утре после 12.00 часот на своите сметки.

A.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close