fbpx
Вести

Законот за ловство и Законот за рибарство и аквакултура претрпија измени

ribi

Вчера на седница на Владата на Република Македонија, поминаа измените на Законот за ловство и на Законот за рибарство и аквакултура, со кои се овозможува поедноставување на целата процедура за полагање на ловечки испит и испитите во делот на рибарството.

Со измените на двата закони, се укинува електронскиот начин на полагање на ловечкиот испит и испитите за рибочувари и за вршење стопански риболов.

Полагање ќе се организира во градовите од каде што доаѓаат кандидатите, од страна на Комисиите за полагање, со што се намалува финансиското оптоварување на кандидатите.

Дополнително, нема да има временски рок за полагање на испитот, односно истиот ќе се полага во текот на целата година. Измените на законите важат и за досегашните апликации за испити.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close