fbpx
Агро бизнисВестиДвор и градинаЕкологијаМакедонијаТоп вести

Жалфија – најлековитата билка во светот

Праксата докажала дека одлично ја прочистува крвта и еднакво добро помага при исфрлањето на секрет од организмот. Поволно делува и на циркулацијата, против крварење и воспаленија.

Билкарите речиси секогаш меѓу најдобрите лековити билки ја класифицираат жалфијата. И според најстрогите критериуми, таа може слободно да ја понесе титулата за најлековита билка во светот.

Жалфијата или латински Salvia officinalis од многу одамна се користи за лекување на речиси секоја болест.

Модерната наука докажа дека жалфијата има антибактериско и антигабично дејство, смирува, освежува и ве закрепнува, помага во борбата против болки и високата температура, може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја чини корисна и за дијабетичарите.

Неодамна се покажа дека жалфијата го подобрува помнењето и делува против Алцхајмеровата болест.

Праксата докажала дека одлично ја прочистува крвта и еднакво добро помага при исфрлањето на секрет од организмот. Поволно делува и на циркулацијата, против крварење и воспаленија.

Поради силното антисептично дејство, се користи и во лекувањето на афти, непријатниот мирис, проблеми со грлото и крајниците, кариес и проблеми со непцата. Ако имате такви проблеми – редовно обилно плакнете ја устата со чај од жалфија.

Жалфијата делува против зачестените повраќања и проливот, а подобро од било која друга билка помага во работата на цревата и желудникот.

Поволно делува на женските тегоби. Го подобрува тонусот на матката, делува антигабично, помага при регулирање на менструацијата, воспоставува хормонска рамнотежа и спречува тешкотии при менопауза.

Жалфијата помага и кај работата на бубрезите и спречува појава на едем.


 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close