fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда станаа „луксузни“ производи, власта тврди остануваат гарантираните цени

Храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките…

Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, што стапи во сила вчера, предизвика реакции и отвори дилеми за прехранбените производи за кои ќе се зголеми стапката за оданочување од пет на 10 проценти, нивното влијание на стандардот на граѓаните, како и примената од страна на трговците.

Минималната потрошувачка кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари што значи дека толку пари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да ги подмири основните месечни потреби.

Во листата со прехранбени производи кои беа посочени како луксузни и за кои се зголемува данокот, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат и прехранбени производи кои се со замрзнати цени до 30 ноември оваа година, а промени во Одлуката и појасно дефинирање на нејзината содржина побараа даночните експерти. Од Владата велат дека основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните понатаму ќе се оданочуваат по најниска стапка на ДДВ од пет отсто, а остануваат во сила гарантираните цени. Можно е ревидирање на списокот за 10-ина производи и како што велат ќе се реагира ако има издржани забелешки.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ја повика Владата да ја корегира листата на производи со зголемено ДДВ, а сите производи кои се дел од секојдневната употреба да се вратат на пет проценти објави .https://www.slobodenpecat.mk/

-Значи министрите во неколку дена за едни исти производи ги замрзнаа цените бидејќи се основни прехранбени производи, а во исто време ги ставија и на листа на луксузни производи, рече Стојановски.

Тој тврди дека во листата на прехранбени производи кои власта смета дека се луксуз и за кои ќе се плаќа двојно повисок данок се: замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли, храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките…

Благица Петрески од Фајнанс тинк, пак, смета дека ДДВ-то треба да биде пет отсто за сите производи кои се за широка потрошувачка и се конзумираат на дневна основа. – Покачувањето ќе има свое влијание и врз цените доколку на листата има производи за широка потрошувачка и производи кои масовно се конзумираат на дневна основа од граѓаните. Затоа треба да се ревидираат стапките и исклучиво да биде ДДВ-то 10 проценти само за оние луксузни прехранбени производи кои или се купуваат од мал број граѓани или се конзумираат ретко. Во спротивно одлуката за зголемување на ДДВ-то ќе се коси со намерата за замрзнување на цените и справување со домашните извори на пораст на цените, изјави Петрески.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close