Еден ден ќе бараме малешевско сирење!

Овчарството е гранка која младите се повеќе избегнуваат да ја работат а сточарите кои ги има како такви стареат.

Малешевијата се празни , а тоа е причина која упатува на фактот дека еден ден можеби ќе го бараме малешевското сирење кое е вид специфичен само за тој крај.

Освен што не се заинтересирани за сточарство, младите од тој крај речиси и да ги нема. Празни села, општини. Заминале за подобра егзистенција, во Германија. Да заработат денар повеќе бидејќи во родниот крај работа за млади тешко дека има.

И стадата со овци се бројат на прсти. Ниската откупна цена е голем удар за сточарите кои велат дека не можат повеќе да преживуваат од само 120 денари за килограм.

Во некои села од беровскиот крај бројот на грла овци некогаш броел и до 5000 а денес едвај стигнува до бројки од 1000.


 

faktor.mk

Share Button