fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Запленети над 1100 метри мрежа и околу 100 килограми риба во Преспанското езеро

Како што соопшти МВР, мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.

Вчера во периодот од 00:20 до 07:00 часот во координирана акција на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото во водите на Преспанското езеро се пронајдени 22 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 1100 метри, со околу 100 килограми улов.

Како што соопшти МВР, мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.

-Во кординирана акција на Државниот инспекторат за земјоделство и МВР – мобилна единица за компензаторски мерки во соработка со концесионерот на езерото, во водите на Преспанското езеро се запленети 22 рибарски мрежи со вкупна должина од 1.100 метри со улов од 100 кг, нелегално уловена риба. Инспекторатот постојано и интезивно работи на сузбивање на секој вид на криволов, објави  Зоран Шапуриќ директор на ДИЗ .

Можно е да е слика од надвор

Слични написи

Back to top button
Close