Тутуно производителите по вадењето на евидентните листови за производство на тутун го искористија убавото време да започнат со правење леи за расад за тутун.
„Сеидбата на расадите се очекува да заврши до втората половина на месец март. За сега во општина Крушево се посеани околу 20-25% од предвидените површинуи за расад. Се очекува оваа активност да заврши до 20.03 2019“, информира за Зелена берза м-р Михајло Николовски виш соработник во АПРЗ РЕ Крушево.
Советниците од оваа канцеларија се постојано на терен и им помагаат на земјоделците со соодветни совети што им се потребни за соодветното производство, овој пат конкретно околу заштита на расадите со тутун од болести и штетници. Го споделија своето искуство од соработката со Лазо Нешкоски од с. Врбоец крушевско.
Оваа година Лазо Нешкоски од с. Врбоец планира да ги зголеми површините под тутун и да засади 1,8 ха со тутун и очекува да собери околу 3000 кг. Ова планира да го реализира на 1,4 ха тутун свои ниви, а 0, 4 ха под закуп.
Последната реколта на тутун зас Нешкоски била солидна. Од 1,6 ха произведе 2300 кг тутун и оствари просечна цена од 227 ден по килограм,плус субвенциите. Ќе имал и повеќе, но заради врнежите од дожд дел од производството на тутун не успеа да го собери, информира Николовски.
Лазо Нешкоски е млад фармер (43 години) и своето стопанство го работи заедно со сопругата и останатите членови на семејството. При тоа се прилагодува на состојбите и го произведува она што му е најисплатливо.
За своите потреби располага со секаква земјоделска механизација.
Заради ниската откупна цена на млекото не одгледува говеда. Секоја година купува мали прасиња , ги храни и откако ќе достигнат тежина од 120-130кг,дел ги продава а дел ги задржува за сопствени потреби.
Се занимава и со оранжериско производство и на околу 400 м одгледува пиперки,кои ги продава по локалните пазари. Најзадоволен е од тутунот и затоа оваа година одлучил да го зголеми производството.
П.Ј.