fbpx
ВестиВиноТоп вести

Формирано ново здружение на семејни винарии “Тиквешки семејни винарии”

Уште едно здружение ќе ги штити интересите на лозарите. Се основа здружение “Тиквешки семејни винарии”

Триесет производители на вино, ракија и маџун од  тиквешијата  формираа ново здружение “Тиквешки семејни винарии”. На основачкото Собрание беа избрани органите на ова здружение кое во идниот период ќе ги штити интересите не само на семејните  винарии од тиквешијата туку од другите општини Неготино, Демир Капија, Росоман и Градско, информираат од новоформираното Здружение.

-Целта на Здружението “Тиквешки семејни винарии” е  остварување на целите од областа на винарството и сродни гранки, како и поврзување и соработка со здруженија и организации кои се занимаваат со иста или слична дејност во земјава и странство за подобрување и афирмирање на лозарството и винарството, велат оттаму.

Следење на развојот на винарството кај нас и во светот како и промоција на вино, ракија, маџун и други производи од грозје добиени на традиционален начин од малите семејни винарии  членки на здружението е основата на поставените цели на здружението.

Преку соработка со стручни лица здружението ќе ги поддржува малите семејни винарии, ќе им нуди  помош при регистрација, набавка на опрема, правилен избор на локација и техничка опрема и др.

Довербата овие активности да бидат организирани во идниот период им е доверена на Претседателот на здружението Горан Јаковлевски, потпретседателот Блаже Миневски, секретар Гоце Попов и благајник Александар Грков. Нивната работа ќе ја следат  Управен одбор од 13 члена и Надзорен одбор од 3 члена.

Здружението своите цели и задачи ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Р. Македонија, со одредбите од Законот за здруженија и фондации.

Павлина Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close