fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Димковски-7.000 хектари државно земјоделско земјиште набргу ќе биде објавено на повик

Димковски информира дека интензивно се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред се на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта” ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени.

Во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државни резерви пченица, рече денеска државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Како што посочи Димковски, движењето на цените се следи, но и се работи на динамичен план преку стопанските комори.

Димковски информира дека интензивно се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред се на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта” ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени.

-Моментно има и 7.000 хекатри државно земјоделско земјиште кое набргу ќе биде објавено на повик. Земјоделците ќе може да аплицираат, но со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури, рече Димковски.

Веќе е разговарано, дополни, и за промена на одреден модел кај стоковните резрви.

-Кога зборуваме за гарантиран откуп, зборуваме за договорно производство. Ги охрабруваме производителите и откупуавчите врската меѓу нив во овој сегмент да ја засилат, да биде уште појака. Но, во пазарна економија не може да најдете загарантирана цена. Ние ја следиме призводната цена и врз основа на неа интервенираме за да го задржиме нашето производство, објасни државниот советникот во МЗШВ, Трајан Димковски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close