fbpx
Агро бизнисВестиСоветиТоп вести

Заштита на градинарските култури од болести и штетни инсекти

Во текот на летниот период е актуелно производството на градинарски култури на отворено и во затворен простор. Како најзначајни болести кај овие култури се причинителот на пламеница, пепелница, црна дамкавост и сиво гниење.

Во текот на летниот период е актуелно производството на градинарски култури на отворено и во затворен простор. Како најзначајни болести кај овие култури се причинителот на пламеница, пепелница, црна дамкавост и сиво гниење. Притоа, сузбивањето на овие болести со примена на фунгициди е најефикасно кога тоа се врши превентивно, пред појавата на симптомите на болеста.

За сузбивање на причинителот на пламеница на домат, пиперка, модар патлиџан, краставица, корнишон, салата, зелка, брокула, карфиол, препорачуваме еден од фунгицидите: AXIDOR (propamocarb-hidrochloride 400 g/l + cymoxanil 50 g/l) во доза од 2,5 L/ha, VALIS PLUS (valifenalate 60 g/kg + bakar hydroksid 150 g/kg + bakar oxyhlorid 150 g/kg) во доза од 2,5 kg/ha, INFINITO (propamocarb-hidrochloride 625 g/L + fluopicolide 62,5 g/L) во доза од 1,6 L/ha, PREVICUR ENERGY (propamocarb-hidrochloride 510 g/L + fosetyl-al 310 g/L) 2 L/ha или RANMAN TOP (cyazofamid) 0,5 L/ha. За сузбивање на причинителот на сиво гниење, пепелница и црна дамкавост го препорачуваме фунгицидот SIGNUM 33 WG (boscalid 267 g/kg + pyraclostrobin 67 g/kg), во доза од 1 до 1,5 kg/ha или FONTELIS (penthiopyrad 200 g/l) во доза од 2 L/ha.

Штетните инсекти претставуваат голем проблем во текот на летното производство на градинарски култури. Економски најзначајни штетни инсекти се лисните вошки, белокрилки, гасници на пеперутки, трипси како и фитофагните пајачиња. За сузбивање на лисните вошки и белокрилки препорачуваме примена на еден од инсектицидите: CLOSER 120 SC (sulfoxaflor 120 g/L) 0,4 L/ha, TEPPEKI (flonicamid 500 g/kg) 0,14 L/ha, MOVENTO (spirotetramat 100 g/L) 1 L/ha, HARPUN (pyriproxyfen 100 g/L) 1 L/ha, LIMOCIDE (orange oil) 4 до 8 L/ha или PYRETHRUM 5 EC (pirethryn 50 g/L) 0,65 L/ha. За сузбивање на трипси препорачуваме еден од инсектицидите: SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L), EXALT (spinetoram 25 g/L) 2,4 L/ha, PYRETHRUM 5 EC (pirethryn 50 g/L) 0,65 L/ha и LIMOCIDE (orange oil) 4 до 8 L/ha. За сузбивање на штетни инсекти од редот на пеперутки (Tuta absoluta и совици) препорачуваме примена на: SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L), EXALT (spinetoram 25 g/L) 2,4 L/ha, PYRETHRUM 5 EC (pirethryn 50 g/L) 0,65 L/ha, CORAGEN 20 SC (chloranthraniliprole 200 g/L) 0,2 L/ha, ALVERDE (metaflumizone 240 g/L) 1 L/ha.

За сузбивање на копривното пајаче го препорачуваме новиот акарицид ACRAMITE (bifenazate 480 g/L) 0,25-0,375 L/ha или ROMECTIN (abamectin 18 g/L) 1-1,2 L/ha.

Подготвил: м-р Васко Манев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close