fbpx
Вести

„Жито Лукс“ ја зголеми добивката 6 пати за три месеци

Од јули до септември добивката на „Жито Лукс“ пораснала за 23,4 милиони денари достигнувајќи 27,8 милиони денари. Компанијата во овој период ги зголемила приходите од продажба на речиси 5 милиони евра. Од објавеното се гледа дека значајните параметри се позитивни, но главен предизвик остануваат високите расходи за камати.

Најголема скопска компанија за производство на леб и пецива „Жито Лукс“ во третиот квартал ја зголеми добивката за 6 пати во споредба со првите шест месеци, покажуваат официјалните податоци што таа компанија ги објави на Македонската берза. На крајот на септември нето добивката изнесува 27,8 милиони денари и е повисока за 23,4 милиони денари во однос на профитот остварен до крајот на јуни годинава. Добивката на „Жито Лукс“ бележи раст од 18 отсто и во споредба со првите девет месеци лани.

Приходот од продажба е речиси 5 милиони евра за три месеци!

Податоците од билансот на успех покажуваат дека „Жито Лукс“ во периодот јули-септември има приходи од продажба кои изнесуваат 298 милиони денари што е значаен раст во споредба со тромесечниот просек остварен за првите два квартали кој изнесува 261,2 милиони денари. Вкупните приходи од продажба на „Жито Лукс“ за првите девет месеци достигнаа 820,9 милиони денари и во споредба со истиот период лани се повисоки за 3 отсто. Домашната продажба исто така бележи раст за 3 отсто до ниво од 785,8 милиони денари. Оперативната добивка за првите девет месеци е 53,2 милиони денари и бележи раст од 6 отсто во споредба со лани.

Оперативната добивка за три месеци порасна пола милион евра!

Многу е значајно тоа што во периодот јули-септември оперативната добивка пораснала за 31,9 милиони денари во споредба со првото полугодие годинава е фантастичен раст од 150 отсто. Во споредба со истиот период лани оперативната добивка бележи раст од 3 милиони денари односно 6 отсто.Од достапните јавни податоци се гледа дека компанијата вложила 185,3  милиони денари во продажба и маркетинг односно дистрибуција на нивните производи. Тоа е 14 милиони денари повеќе од претходната година и укажува на тенденција дека менаџментот на „Жито Лукс“ маркетингот и дистрибуцијата ја гледа како значајно средство за зголемување на приходите од продажба.

Финансиските расходи со тренд на благ пад

Финансиските расходи на „Жито Лукс“ и годинава се значителна расходна ставка на таа компанија. За првите девет месеци нивното ниво е 26 милиони денари и за три месеци се зголемени за 9 милиони денари што е повеќе од кварталниот просек за периодот јануари – јуни. Сепак во споредба со лани забележливо е мало, но значајно намалување на овие трошоци кое изнесува 1,5 милиони денари односно 5 отсто.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close