fbpx
ВестиТоп вести

Заштита на јаболкото во производни услови на Р. Македонија

Јаболкото има голема употребна вредност, такашто, освен свежо, може да се користи во замрзната, или преработена состојба. Како земјоделски производ на глобално ниво, јаболкото е рангирано на трето место со годишно производство од околу 76 милиони тони во 2012 година.Се очекува, производството на јаболко да се зголемува и во иднина.

Во Република Македонија, јаболкото е најзастапениот овошен вид со вкупно годишно производство од околу 124 000 тони. Водечки производен регион на јаболко во Република Македонија е Преспанскиот регион. Производството на јаболко во современи густи насади е насочено кон рано прородување поради ваков начин на одгледување на јаболкото се јавуваат и штетни агенси кои го лимитираат приносот, но и квалитетот на плодовите. Најзначајни штетни агенси во производството на јаболко се: Venturia inaequalis, Podosphaera leucotricha, Erwinia amylovora, Aphis sp., Cydia pomonela, Leucoptera scitella, Panonychus ulmi.

Venturia inaеqualis (чадлива дамкавост на листовите и краставост на плодовите од јаболко) како патоген има големо економско значење во производството на јаболко кој во поедини години и во отсуство на соодветни мерки за заштита може да причини и до 100 % штета. Освен директното намалување на приносот, оваа болест резултира и во намален квалитет и пазарна вредност на плодовите.Болеста може да се јави на сите зељести делови, но најзначајна е на листовите и плодовите. Првите симптоми од чадливата дамкавост на листовите се јавуваат на чашкините листови, цветната ложа и дршките од цветот. По правило цветовите кои се заразени во оваа фаза се сушат и опаѓаат. Листовите може да бидат нападнати од нивната појава  (во фаза на “глувчи уши ”), па до нивното опаѓање.Првите зарази настануваат од опачината на листот. Плодовите може да бидат инфицирани од нивното заврзување па се до берба. Првите симптоми на плодот се јавуваат во близина на чашкиното вдлабнување. Со пораст на плодот и дамките се зголемуваат, кои може да останат поединечни, или се спојуваат и формираат големи темносиви красти. Под нив ткивото престанува да расте, при што доаѓа до пукање на дамките.Сузбивањето на краставоста треба да биде засновано врз следење на временските услови, биотичките параметри, ризикот за инфекција, како и употреба на модели за симулација на краставоста. Сузбивањето на овој патоген, најдобро е да се врши превентивно, поради тоа што во моментот кога ќе се забележат првите симптоми, во најголемиот број на случаеви веќе е доцна. Затоа веднаш штом се создадат услови за инфекции од чадливата краставост, производителот треба да изврши третирање. Всушност најголема опасност постои во пролетниот период, кога има врнежи и интензивен вегетативен пораст, препорачливо е во овој период, да се применуваат комбинации од системични и контактни фунгициди, особено оние кои се поотпорни на промивање од врнежи како што се: Delan 70 WG, Faban 25/25 SC, Sercadis, Delan Pro, Indar 5 EW, Systhane 20 EW.

Причинителот на пепелница кај јаболкото (Podosphaeraleucotricha) – Раширенавоситереоникадесеодгледуваатјаболката.ГинапаѓавидовитеодродотМалус: крушата, дуњата, мушмулата и др.Сејавуваредовно и кајнас, особеновонасадитесоосетливисорти. Предизвикуваголемиштети, какодиректнитака и индиректни.Гинапаѓалистовите, ластарите, цветовите и младитеплодовикајјаболката.Напролет, ластарите и цветовитепокаснопотеруваатодзаразенитепупки, приштопотполносепрепокриенисомицелијата и конидиитеодпаразитот.Заразенителиснипупкидаваатзакржлавенилистови, а цветнитедаваатситницветови, несеотвараат и сесушатвотекотнавегетацијата.Сузбивањето на примарните инфекции се вршиведнаш на самиот почеток од вегетацијата, во овој период бидејќи нема доволно лисна маса за примена на системични фунгициди се препорачува примена на активната материја meptildinokap (Karathane Gold 350 EC), која е единствената фунгицидна активна материја која има превентивно, куративно и ерадикативно делување на пепелницата. А потоа штом растението развие доволно лисна маса, после фенофаза на розе балони, може да се примени и активната материја fluxapyroxad (Sercadis), која е безбедна за цветот од јаболко. Освен овие две активни материи, голема ефикасност во нејзиното сузбивање имаат и: myclobutanil (Systhane 20 EW), boscalid + pyraclostrobin (Bellis), tetraconazole (Eminent 125 ME), fenbuconazole (Indar 5EW)и други.

Зелената јаболкова вошка (Aphis pomi)е редовен штетник кај јаболкото кој се јавува секоја година. Во Италија за сузбивање на овој штетник се користи следнава стратегија: пред цветање или во цветање примена на активната материја flonicamid (Teppeki), која е безбедна за пчелите а потоа веднаш по цветање примена на новиот инсектицид sulfoxaflour (Closer 120 SC), во глобала со примена на оваа стратегија се решава проблемот со овој штетник.

Црвениот овошен пајак (Panonychusulmi)во последниве 15 години е сериозен штетник во производството на јаболко, кој во зависност од условите за негов развој, во одредени години може да причини сериозни штети. Според голем број истражувања се предвидува дека овој штетник во иднина ќе нанесува многу поголеми штетни, поради тоа што многу брзо развива резистентност према акарицидите. Поради оваа причина во неговото сузбивање се применуваат интегрални мерки како што се примена на фунгициди и инсектициди кои не се штетни на предаторите на овој штетник како и постојано ротирање на активните материи со цел одложување на појавата на резистентност. Моментално на нашиот пазар следниве акарициди покажуваат добра ефикасност према овој штетник: abamectin (Belpromec, Romectin), milbemectin (Milbeknock), bifenazate (Acramite 480 SC).

Во производната 2018 година за првпат на сортата Ајдаред во Преспанскиот и Охридскиот регион на плодовите од оваа сорта беа забележни симптоми на напад од калифорнискиот цветен трипс (Frankliniellaoccidentalis),овој штетник е карантински за голем број европски земји вклучувајќи ја и Русија. Неговата појава е поврзана со цветањето на културата, има голем број на генерации и развиено резистентност према голем број инсектициди од групата на неоникотиноиди. Во програмата за негово сузбивање од големо значење е намалување на потенцијалот на првата генерација, и затоа се препорачува примена на инсектициди од групата на спинозини (spinosad (Spintor 240 SC), spinetoram (Delegate 250 WG)), веднаш по цветање на јаболкото.

 

 

Изготвил:

м-р Петковски Ефтим

(Докторант на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје).

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close