Намалена цената на геотермалната вода за 17 отсто

(Oвој напис е објавен на: February 8, 2017)

Комуналното јавно претпријатие „Водовод, од Кочани кое стопанисува со геотермалниот систем во Кочанско, ја намали цената на геотермалната вода за 17 отсто. По одлуката на Управниот одбор на претпријатието, и советниците на општина Кочани донесоа одлука за намалување на цената на геотермалната вода.

3128370E23D64546A5CBDFC7AC6DE68F

-Ја намаливме цената на геотермалната вода од 38,10 денари на 31,60 денари или поточно за 6,50 денари што е 17 отсто. Ова го направивме водени од промената на цената на одредени калкулативни елементи што влегуваат како составен дел на крајната цена на геотермалната вода, изјави директорот на „Водовод, од Кочани, Љупчо Папазов. Според Папазов новата намалена цена на геотермалната вода ќе се применува од 1 јануари 2016 година. Корисници на геотермалната вода од изворите кај село Подлог се оранжерискиот комплекс во Подлог и Кочани, како и двете основни, едно средно училиште и општинскиот суд.