fbpx
Вести

Заврши откупот на тутун, тутунарите се подготвуваат за нова реколта

tutun

Заврши тутунскиот откуп за реколтата од 2016 – та година. Продукцијата тешка околу 25 илјади тони тутун, ги надмина очекувањата според оствареното вкупно количество, но и со постигнатата просечна цена од 197 денари за килограм.

Од страна на деветте откупни компании, заклучно со денеска, откупено е целото количество произведен тутун.

Според предвидувањата, годинава, интересот кај тутунопроизводителите за производство на оваа индустриска култура се очекува да биде на рамниште од ланската оптимална понуда од околу 25 илјади тони тутун.

Во меѓувреме во ПЕ на Министерството за земјоделие во тек е издавањето на таканаречените бели картони кои се потребни за склучување договори на тутунопроизводителите со откупувачите.


 

сител

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close