Здравјето на почвата во зима
Како што луѓето се облекуваат во зима, така и почвата. Кога ќе настапи зимата, почвата има потреба од одмор или потхранување, да биде покриена со “ќебе” од органски материи. Заради таа причина се засадуваат растенија кои се нарекуваат покривни култури за ѓубрење.
Тие не се берат и не се одгледуваат, само се засадуваат за потхранување на почвата за подобра плодност. За градина со зеленчук најдобра покривка е мешавина од житни и зрнести растенија. Во рана пролет може да се сади овес или фуражен грав, а на крајот од есента, ‘рж.
Овесот и ‘ржта помагаат за заштита на почвата од ерозија, предизвикана од зимските ветрови и врнежите од дожд и снег. Зимскиот ‘рж и леќата ги намалуваат плевелите.
Црвената детелина и зимскиот грав се препорачани зимски култури за многу градинари. Тие ја снабдуваат почвата со азот и ги растресуваат цврстите почви со корењата.
Други градинари препорачуваат овес и грав кои се одлична комбинација.
- Садење – На есен покривката се засади 30-40 дена пред првата слана. Треба да се покријат со компост, бидејќи птиците ќе го откријат и семето нема да никне.
- Надгледување и грижа – Освен садењето, треба еднаш или два пати да се искоси откако растенијата ќе никнат. Тоа стимулира дополнителен раст на корењата.
- Користење на растенија за зелено ѓубрење – Уште пред да се образуваат семињата покривката треба да се коси.