Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора не гледа конкретни ефекти од Интервентниот фонд
Итно треба да се забрани извоз на житарки кои се употребуваат како сточна храна (пченка, јачмен), како и луцерка.
Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија не гледа конкретни ефекти од Интервентниот фонд.
-Одредени сегменти од агросекторот досега не беа опфатени со мерките на Интервентниот фонд, па во таа смисла во овој момент не би можеле да се презентираат конкретни ефекти. Има најава дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за исплата на заостанатите субвенции и тоа може да делува во насока на ублажување на состојбите. Истовремено, со уште позасилено темпо почнува реализацијата на програмите за државна поддршка за зголемување на сточниот фонд, доделување земјиште на сточари за сопствено производствена сточна храна. Во меѓувреме, итно треба да се забрани извоз на житарки кои се употребуваат како сточна храна (пченка, јачмен), како и луцерка. Не се јасни причините зошто и овие култури не беа опфатени покрај пченицата со мерките за забрана за извоз, посочуваат од Здружението.
Интервентен фонд – проектирани 250 милиони денари за растителното и сточарското производство
Во март годинава Владата ја усвои Програмата за Интервентниот фонд во земјоделството, „тешка“ четири милиони евра која, како што образложи тогаш министерот Николовски, нема никаква врска со останатите редовни програми за директни плаќања. Од Фондот, 120 милиони денари или околу два милиона евра се за субвенционирање на трошоците за ѓубрива, но дополнителни средства има и за одгледувачите на јагниња и свињи.
https://nezavisen.mk/hrana-kje-ima-ne-se-ochekuvaat-problemi-so-uvozot-mozhni-novi-poskapuvanja/