Зејтинот ќе поевтини кога ќе се отворат увозните коридори од Украина, вели Бектеши
Според Бектеши, тоа зависи од светските пазари, како и од цените на сончогледот и нерафинираното масло, кои главно се увезуваат од Украина и Бугарија.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска информира дека поевтинувањето на цените на маслото за јадење ќе се случи кога целосно ќе се отворат увозните коридори од Украина.
Министерот повтори дека меѓу граѓаните има погрешен впечаток дека Македонија се снабдува со материјали за производство на масло за јадење од Србија.
-Треба да бидеме солидарни. Во консултација со локалните производители овозможуваме извоз на рафинирано масло за јадење. Имаме потребната количина за производство, рече Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ21 околу извозот на зејтин во Албанија.
Преку скратувањето на расходите со ребалансот на буџетот, Влада отвора можност за нов пакет на мерки за граѓани, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, во вечерашното гостување во емисијата „10 минути” на ТВ21.
Тој рече дека со ребалансот на Буџетот ќе има значително скратување на расходите во однос на непродуктивните трошоци и другите расходи на буџетските корисници.