fbpx
ВестиТоп вести

Зелена берза ќе формира  „Советодавно тело од областа на земјоделството“

Во насока на поголема ефикасност и транспарентност  во работењето,  Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ Битола одлучи да оформи  „Советодавно тело од областа на земјоделството“.  Изборот на членови на ова тело ќе се изврши на 3.04.2019  година (среда) во конференциската сала на Синпекс Битола со почеток од 10 часот.

Се планира  телото да биде составено од претставници од сите области на земјоделството, кои што активно се вклучени во некоја од областите на земјодлеството  и  ги знаат состојбите во државата. Целта е со своите искуства и познавања во одредена проблематика  преку Зелена берза да може да дадат свој придонес во подобрување на сосотојбите во земјоделството, зајакнување на позицијата на земјоделците, преку подобрување на земјоделските практики како и  подобрување на законските регулативи кои што ја регулираат нивната дејност. Тоа може да се постигне со координирани заеднички активности и меѓусебно помагање во насока на унапредување  на земјоделството и руралниот развој  во државата и приближување кон стандардите на ЕУ.

Членовите на ЗЕЗ „Зелена берза“  може да даваат свои предлози за составување на Советодавното тело најдоцна до 1.04.2019 година. Првично е предвидено телото да биде составено од 20 членови, број кој ќе биде флексибилен  и ќе се зголемува или намалува  во зависност од потребите . Со формирањето на Советодавното тело  на ЗЕЗ „Зелена берза“ ќе биде усвоена и програма за работа на телото. Со програмата предвидени се активности кои меѓусебно ќе бидат координирании, во насока на навремена информираност на членките, заеднички настап и поддршка пред релевантните фактори  како и организирање на активности врз основа на конкретни потреби.

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close