вести

Конкурентност во земјоделството

anakiev

Конкурентската способност на производите секој пат е поврзана со постоење на понуда и побарувачка. Конкурентската способност на еден производ покажува способност да се задоволат побарувачките својства на купувачите поефективно при определена производна цена, споредена со онаа на истите или аналогните производи на конкурентите. Конкуренцијата не е апстрактна големина, туку секој пат е поврзана со определен пазар и ги изразува негативните специфичности. Конкурентската способност на производите се постигнува преку остварување на следните мерки (активности): комисиско проучување на побарувачката на внатрешниот и надворешниот пазар, определување на основните насоки за создавање на производот кој што се бара на пазарот, оценка на перспективите за продажба на конкурентски производи, определување на цената на продажба, атестирање на производи за највисок квалитет од овластена институција и реклама на производот со негова промоција на пазарот.

Сложеноста и повеќезначајноста на поимот конкуренција, односно конкурентска способност е причина за големи разлики во приодот и определувањето на нејзиното ниво. Некои теоретичари сметаат дека конкуретската способност треба да се разгледува од следните аспекти: цена, споредбени особини (вредности) и спореден доход. Како мерни показатели за конкуретската способност за еден производ обично се користи збирот на показатели и мерни единици класифицирање во три групи и тоа: технички показатели, нормативни показатели и економски показатели, а тоа значи: дизајн, ергономичност, оригиналност,безбедност за користење и цена. Конкурентно способни производи секој пат произведува кокуретно способни фирми (субјекти). Таквите фирми имаат реална потенцијална способност (управување и извршување) да проучува, проектира, конструира, произведува и пласира производи чии ценовни и неценовни особини комплексно поефективно ги задоволува барањата на потрошувачите во споредба со истите или аналогни производи на конкурентите.

Во агрокомплексот Мерење на конкурентноста во агрокомплексот е сериозно отежнато поради специфичноста на земјоделството и големиот број на производители кои се јавуваат на пазарот и на извоз и на увоз. Постојат неколку начини за мерење на конкурентноста на ниво на земја или регион. Како најпрегледен од практична гледана точка е трговското салдо (извоз-увоз). Кај интерпретација на трговското салдо треба да се имаа во предвид неколку способности:

Прво. Овој метод се однесува на конкурентноста на определен производ (група производи) на Светскот пазар под услов дека пристапот на пазарот е слободен. Високите царини или хигиенски и ветеринарни барања кои ја отежнуваат продажбата на определен пазар не покажуваат дека е во прашање ниска конкурентност.

Второ. Кај изразувањето на салдото треба да се има предвид определен квалитет на производството. Македонија може да произведе многу повеќе, на пример вино, отколку што се домашните потреби, но ако тоа не одговара на барањата на основните меѓународни пазари во однос на квалитетот (на пример определена содржина на алкохол), тогаш ќе најде ограничен пазар в некои од неразвиените земји, каде нема високи стандарди на квалитет.

Трето. Висок е степенот на агрегација на стоковната група што е предност за анализа. Можно е на пример, земјата да е голем извозник на некој производ од стоковната група, а во исто време да е нето увозник на друг производ од групата. Производството на храна во Македонија се карактеризира со висок квалитет, благодарение на природните услови и традицијата. Голем дел од храната го надминува домашните потреби и се пласира на пазарот воглавно во Европа, каде се бара квалитетно производство.

Меѓутоа, голем дел од потребите на храна во Македонија се увезува, бидејќи домашното производство неможе да ја задоволи домашната побарувачка. Меѓу извозната и увозната храна се јавува голем дефицит. Притоа се наметнува прашањето за цената за извезената храна, а и цената на увезената храна. Дали пониската цена може да биде показател за повисока конкуретност, бидејќи и на увезената и на извезената храна цените се формирани на Светскиот пазар? Се покажува дека извезената храна од Македонија е поефтина од увозената храна за 349 USA долари по тон (таб.1). Според стардарната меѓународна трговска класификација вкупната храна е структурирана во 10 групи. Како што се гледа, македонските производи: месо, млеко, и друго имаат значајно пониски цени од увезените. Сепак во сите групи производи (според СМТК ) се јавуваат производи со различен степен на финализација што има влијание на цената на производите на пазарот. Се покажува дека мерењето на конкуретноста во земјоделството на меѓунарониот пазар е поедноставна на ниво на производ.

Цени на извезена и увезена храна

Петгодишен просек (2010-2014год.) во USA долари по тон

Реден број Структура според СМТК извоз увоз Извоз

Минус

увоз

вредност индекс* вредност индекс*
1 Живи животни 2075 173,6 5221 77,0 -3164
2 Месо и преработки од месо 3970 89,4 2296 115,5 1674
3 Млеко, млечни производи и јајца 2035 97 1703 112,9 232
4 Риби,ракови и сл. и преработки 5756 102,8 3240 111,9 2516
5 Жита и преработки од жита 1804 100,0 479 110,4 1525
6 Зеленчук,овошје и преработки 510 114,1 942 101,8 -432
7 Шеќер, преработки од шекер и мед 2679 168,0 637 108,3 2042
8 Кафе, чај, какао и зачини 2898 166,8 3750 111,6 -852
9 Добиточна храна 186 114,8 551 101,3 -365
10 Разни производи за исхрана 1614 109,9 2975 103,9 -1361
Вкупно 115 116,9 1164 114,1 -349

*Индексот претставува промена на средната вредност во однос на базната година -2010

Проф.др. Борис Анакиев


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close