вестиТоп вести

Зелена берза организира Есенски саем

ЗЕЗ „Зелена берза„  во склоп на своите програмски активности на 20 декември ќе  организира „Есенски саем“ за промоција на земјоделското производство . во рамки на манифестацијата ќе се одржи и панел дискусија „Агро бизнис муабети“. Дискусии, прашања, муабети, дружење, се на едно место во Хотел Премиер ( Лавчански пат) . Осум панелисти ќе презентираат актуелни теми од земјоделството и ќе се обидат да ги рзрешат дилемите и прашањата на присутните. На панел дискусиојата ќе бидат застапени следниве теми и презентери:

„Даночни предизвици за 2019 година “, презентер   м-р Злате Муневски, даночен советник во  УЈП  РД  Битола,

„Легализација на бесправно изградени објекти – фарми “ презентер   Горан Бурески, правник во одделение за урбанизам во општина Битола,

„ Можностите на ИПАРД  2 програмата – Инвестиции во материјални средства на земјоделско стопанство“ , презентер   Андреа Соколовски , советник во АПРЗ Битола

„Болести на папците и влијание врз млечноста кај кравите“, презентер  доц. д-р  Мими Ристевски, декан на Ветеринарен фкултет Битола

„Хигиена на млеко“, презентер   Андреа Соколовски, советник во АПРЗ Битола

„ Анализа на почва“, презентер   дипл.  инж. агроном Зија Саидов, директор на лабораторија „Проанализ“ Струмица,

„Ѓубрење и заштита, важен предуслов за квалитетно земјоделско производство“, презентер дипл. инж. агроном  Андреа Игњатовски, Алкалоид Скопје,

„Економското здружување – предизвик за земјоделците“, презентер   Менде  Ивановски, претседател на „Македонска асоцијација на земјоделски задруги“.

На саемот ќе бидат присутни  16 фирми и поединци  кои ќе ги изложат своите производи и услуги. Рзни видови сирења и кашкавали, органски мед и останати пчелини производи, буковска пипер, цвеќиња и други растителни билки,подобрувач на почва и други хемиски производи. Ќе изложуваат членови на „ Слоу Фуд“ Битола, „Пчеларник БН“ Дихово, „Хоризонти микрокредитирање“, „Проанализ“ Струмица , „Скопски легури“ Скопје,  Игор Поповски –  „Слоу фуд“,  Пчеларник БН – Дихово, Даниела Мандровска „Слоу фуд“, Елена Каровска „Слоу фуд“, „Пресил цвеќара“, „Алкалоид“ Скопје, „ СН Осигурување “ Битола, Ѓоре Захарчев – Кавадарци, Илчо Даскалоски – Мало Коњари Прилеп, „ Синпекс“  Битола, „ Агрина“, ЗЕЗ„ Зелена Берза“  – Битола, Менде Трајковски пчелар .

Во една релаксирана предновогодишна атмосфера  заинтересираните ќе имаат можност  да вкусат дел од производите и секако да наздрават за сегашни и идни успеси. Настанот е закажан за во 10 часот.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close